Почетна » Често поставувани прашања

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Постави прашање

П: Како е настанат брендот на млекара ?

O:

Брендот потекнува од иницијалите од името и презимето на керката на сопственикот на млекарата , Јовановска Катерина.

П: Што е патеризација на млеко?

O:

Пастеризација е технолошки процес на термичка обработка на млекото на температура пониска од 100°С при што се уништуваат сите микроорганизми кои што се штетни за здравјето на човекот и овој процес ја обезбедува здравствената исправност на производот.

П: Што е хомогенизација?

O:

Млечната маст во млекото е во облик на глобули, односно капки со големина од околу 20µm. Хомогенизацијата е постапка на намалување на големината на капките на млечните масти за поголема стабилност и конзистенција на млекото.
Големината на капките на млечните масти по хомогенизацијата се намалува на димензии од 1-5µm. Хомогенизираното млеко има интензивна бела боја, полн вкус и на површината на млекото не се издвојуваат млечните масти.

П: Дали сите производи на млекара се хомогенизирани?

O:

Сите производи на млекара се пастеризирани и хомогенизирани.

П: Од каде млекара набавува сурово млеко?

O:

Млекара ЈОКА го набавува суровото млеко од Струмичкиот регион но исто така дел набавува од Прилепско – Битолскиот регион.

П: Дали млекара произведува кравјо сирење исклучиво од млеко?

O:

Производството на кравјото саламурено сирење го прави на традиционален начин и тоа исклучиво од кравјо млеко без никакви додатоци од растително потекло.

Адреса: Глигор Новаков бр.26 Струмица (Индустриска зона Север).
Телефон: 034/346-101
Факс: 034/344-101
e-mail: joka@t-home.mk

Развиено од: Copyright © 2012 Јока Млекара. Сите права се заштитени.

Пратете го ова на пријател