Почетна » Производи
  • ЈОКА

    ПАВЛАКА

    Ферментиран млечен производ.

    Добиен од 100% кравјо млеко со 18% млечна маст.

    1/7
  • ЈОКА

    ЈОГУРТ

    За вистинските сладокусци. го подготвивме јогуртот, вистински извор на се она што го бара секој организам.

    Висок процент на суви материи и оптимална количина на маснотии на овој производ му даваат препорачливи нутриционистички вредности. Соодносот на белковините и маснотиите, содржината на микроелементите и витамините го прават идеална храна за децата, спортистите, болните и за сите кои имаат зголемени физички напори.

    Избалансираниот киселкаст вкус и густината го прават вистинска и препорачлива напивка за појадоци, меѓу оброци но и за моменти на голема исцрпеност и замор.

    2/7
  • ЈОКА

    СИРЕЊЕ

    Полномасното кравјо сирење е изработено од најквалитетно пастеризирано млеко, кое по традиционален начин на преработка го задржува вкусот и ароматичноста.

    Со масленост повеќе од 45% од кои поголемиот дел незаситени масни киселини преставува извонреден прехрамбен производ. Преставува извонреден извор на калциум, но и на други микро елементи.

    Количините на витамините А и Б како и неговото лесно варење го прават препорачлив производ за деца, постари лица, спортисти но и за сите кои внимаваат на правилната исхраната.

    3/7
  • ЈОКА

    КИСЕЛО МЛЕКО

    Кравјото кисело млеко кое го произведуваме од пастеризирано млеко е вистински специјалитет.

    Произведено според вкусот на потрошувачите може да се конзумира самостојно но и како додаток на салати, јадења или пак разни видови на печива. Преставува вистинско богатство на белковини и препорачливи маснотии.

    Високата калорична вредност но и извонредните нутритивни вредности го прават препорачлив производ за сите потрошувачи.

    4/7
  • ЈОКА

    АЈРАН

    За сите ностапгичари кои со занес зборуваат и се сеќаваат на матеницата, освежителна напивка, како храна или мелем за жешките денови, напивка која закрепнува и ревитализира го подготвивме Ајран.

    Обезмастен производ добиен со мпечно- кисела ферментација на пастеризирано млеко. Извонредна храна и пијалок богат со белковини. Препорачлив производ за сите кои не сакаат да се откажат од млекото и преработките како задолжителен дел од денешните диети за намалување на телесната тежина.

    Содржината на млечно-киселите бактерии го прават вистински лек на микро-флората во дигестивниот системот. Извонреден производ за сите кои внимаваат на телесната тежина. или на оние кои имаат проблеми со гастрономскиот тракт, но и за сите кои внимаваат на здрав живот и правилна исхрана.

    5/7
  • ЈОКА

    МЛЕКО

    Се разбира. последното е секогаш најслатко, Ви ја преставуваме Беласица и се она што во душата го носите од оваа наша убавица..

    Со само голтка од свежото пастеризирано млеко веднаш се појавува сликата на убавините и мирисот на цвеќињата, ќе го почувствувате жуборот на Колешинските и Смоларските водопади.

    Ќе Ве помилува мирисното ветре на Беласица. Се она што е здраво и вкусно го содржи нашето пастеризирано млеко, млеко за душа и тело, млеко за навек.

    6/7
  • Јоплус

    Кисело млеко и Јогурт

    Јоплус Пробиотик 4 Јогуртот и Киселото млеко се произведуваат од свежо кравјо млеко, збогатено со бактеријата ББ12, позната како пријателска бактерија на нашиот организам.

    Со редовна употреба на Јоплус, ги конзумираме благодетите и полезностите од овие производи. Редовната употреба на пробиотик 4:
    • Го зајакнува имунитетот;
    • Го регулира варењето на храната;
    • Ја збогатува цревната флора и
    • Оневозможува репродукција на штетни бактерии

    7/7
Адреса: Глигор Новаков бр.26 Струмица (Индустриска зона Север).
Телефон: 034/346-101
Факс: 034/344-101
e-mail: joka@t-home.mk

Развиено од: Copyright © 2012 Јока Млекара. Сите права се заштитени.

Пратете го ова на пријател