Јока со својата работа започна на 29.04.1993 година, со цел да му понуди на пазарот квалитетно кисело млеко.
10 години подоцна (во 2003 година) го пласира и својот нареден производ – јогуртот.
Преместувањето во нов објект, опремен со најсовремени стандарди и погон за преработка на храна, го овозможи производството на пастеризирано млеко и сирење.
Само 1 година подоцна, дојде на ред и производството на овошните јогурти.
Јока со својата работа е присутна на поголем дел од пазарот во Република Македонија и во догледно време планира извоз на своите производи во други држави.
Во 2007 година, поради исполнувањето на сите критериуми за квалитет, Јока се стекна со сертификатот НАССР. |
|